Рестрикциите поради пандемијата ја прават Јужна Африка неизвесна

Претседателот на моторспорт федерацијата на Јужна Африка, Анто Ру, тврди дека рестрикциите поради пандемијата кои сеуште се на сила во земјата го загрозуваат организирањето на Формула 1 трка во земјата во блиска иднина.

Согласно рестрикциите, спортските настани во земјата смее да имаат само 50% исполнет капацитет, а со тоа се ограничува и приходот кој може организаторот да го генерира. Стефанов Доменикали не криеше дека неколку пати бил во Јуханесбург и најави трка таму откако последното Гранд При на Киалами се одржа во 1993 година.

Ру, кој исто така е дел од Сенатот на ФИА, појасни дека туризмот придонесува голем дел во публиката која евентуално би била пирсутна на трката, така што рестрикциите секако дек би биле проблем.

она што луѓето не го знаат е дека ако ај погледнете публиката на Гранд При викенд, ќе сфатите дека 60% од гледачите не се од земјата домаќин. така, ако анализирате некои настани, како на пример оној во тексас каде имаше 380 илјади гледачи лани, тоа е побеќе одошто на олимписките игри и 60% од нив не се локално население.

јас не велам дека и ние би имале толку гледачи, но се надеваме дека би почнале со 250 илјади и би дошле до 300 илјади по некое време. јужна африка е далечна земја и ретко кој би дошол само за трката и би заминал одма по неа. најголем дел од туристите би минале некое време тука така што приходите од туризнам би биле значителни – објасни ру.

Тој посочи дек организацијата работи на дотерување на Кијалами за да патеката добие највисока оценка потребна за организација на Гранд При трки, нешто што тој очекува да се случи следната година, а најдоцна во 2024. Сепак, доколку останат рестрикциите на сила, Формула 1 трка без публика не би било логично.

рестрикциите поради ковид-19 се голем предизвик и мислам дека ако организираме трка со само 50% исполнетост на трибините, таков настан би бил во опасност. знаете, годинава имавме меѓународен настан на патеката на кој примивме 2.000 гледачи, а подготовките ангажираат 1.800 луѓе персонал.

нема никаква логика за нас да организираме Гранд При трка ако не можеме да донесеме 90 илјади гледачи на трка.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ