Рејсинг Поинт го носат поранешниот маркетинг шеф на Мајкл Џордан и Извршен директор на Интер

Џеферсон Слек, поранешниот маркетинг шеф на Мајкл Џордан и Главен извршен директор на Интер од Милано, ќе биде нов Комерцијален маркетинг директор на Рејсинг Поинт.

Слек е последно големо име кое пристигнува во тимот кој следната годиан ќе биде фабричак Астон Мартин екипа по потпишувањето на Себастијан Фетел за возач. Тој има повеќе од 30 години искуство во спортскиот маркетгин откако беше шеф на маркетингот на Мајкл Џордан додека ЕмЏеј “газеше“ во НБА во 1990-тите години.

Американецот направи трансфер во фудбалот и четири години беше Главен извршен директор на Интер од Милано, а потоа беше поставуван на високи позиции во агенции како Wasserman и IMG.

Последното негово моторспорт искуство е Комерцијален советник на Дорна, компанијата кој ги има комерцијалните права над МотоГП тркачката серија, а во Рејсинг Поинт пристигнува веднаш како Комерцијаен директор и ќе му одговара директно на Главниот извршен директор на тимот, Отмар Шафнауер.

со напредокот кој го имаме годинава како на патеката така и со станувањето на фабричка астон мартин екипа, имаме уникатна можност да созддеме историски спортки бренд на самиот врв во формула 1.

пресреќни сме што можеме да го донесеме џеферсон слек да ни помогне да го искористиме целосниот потенцијал од глобалниот маркетинг и комерцијални операции кои ги имаме пред себе – изјави лоренс строл, сопственикот на екипата.

За Слек, Рејсинг Поинт е една од највозбудливите комерцијални можности н само во Формула 1 туку и во спортот пошироко.

ќе настојуваме да направиме историски нов спортски бренд со формула 1 тимот на астон мартин и во тој процес сакаме глобална маркетинг платфрма за нашите брендови и партнери. нетрпелив сум да почнам да работам со лоренс и отмар и да изградам светски комерцијален и маркетинг тим.

Во моментов екипата од Силверстон е во својата најуспеѓна Формула 1 сезона во историјата со 4то место кај конструкторите по 9 трки и еден подиум.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ