Рејсинг Поинт го објасни прекинувањето на договорот со Спорт Песа

Извршниот директор на Рејсинг Поинт, Отмар Шафнауер, објасни зошто Спорт Песа повеќе не е повеќе главен спонзор на екипата, откако потпишаа нов договор со комапнијата БВТ.

Спорт Песа стана главен спонзор на Рејсинг Поинт во повеќегодишен договор пред почетокот на 2019 година, но една година подоцна брендот не е повеќе дел од листата на партнери на екипата. Компанијата од скоро ги прекина сите зделки за спортски брендирања, а Шафнауер истакна дека Спорт Песа поминуваат низ тежок период на домашниот пазар, што довело до прекинување на нивниот договор.

Тие сеуште сакаат да бидат инволвирани, но можеби на поинакво ниво, не како главен спознор. Разговараме со нив и тие се пријатели на тимот и се надевам дека ќе може повторно да ги вклучиме како наш партнер. Но, најпрвин, БВТ е одличен нов главен спонзор, а болидот изгледа феноменално. Повеќе е розев, големи БВТ букви на страната, што мислам дека изгледа одлично.

БВТ е одлична приказна и за околината, со сето што се обидуваат да го постигнат и дел од напорите на Формула 1. Формула 1 гледа кон издржливоста. БВТ разговараат со нив околу соработка. Но мора да се движиме еден чекор повремено и се надевам дека БВТ може да помогне не само на нас, туку и на Формула 1.

Запрашан како договорот ќе функционира откако тимот ќе се ребрендира во Астон Мартин за 2021 година, Шафнауер го истакна следното:

Астон Мартин следната година ќе биде името на шасијата и ќе стане фабричка екипа. Но како и секој друг производител  со шасија сеуште има простор за нов главен спонзор. Не се разликува толку многу од Ферари и Мерцедес, тие го имаат Петронас, така што ќе функционира добро и со БВТ.

За бојата, ќе видиме. Мислам, оваа година ќе ја завршиме, а потоа кон крајот на сезоната, ќе разговараме околу болидот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ