Рејсинг Поинт: Жалбата нема основа

Тимот на Рејсинг Поинт ја нарече жалбата на Рено неоснована и недоволно информирана откако французите протестираа на каналите за ладење на сопирачките н РП20 болидот кој несомнено потсетувале на ланскиот В10 модел на Мерцедес.

Рено се пожалија откако двата болида на Рејсинг Поинт, возени од Серхио Перез и Ленс Строл, завршија пред Даниел Рикардо и освоија повеќе поени од него. 

Од тимот веруваат дека предните и задните делови на сопирачките за ладење се исти како на ланскиот Мерцедес, нешто што не е дозволено според правилата за стандардни делови. Стујардите ја прифатија жалбата и веќе истражуваат.

Рејсинг Поинт се разочарани некој да се сомнева во нивните резултати од трката бидејќи тоа е неосновано и поради недоволна информираност. Било какво прекршување на правилата ние го отфрламе и тимот ги превзема сите чекори да ја докаже својата невиност – велат од силверстон.

Тимот додаде дека ФИА веќе неколку пати го проверила нивниот дизајн. Пред стартот на сезоната, тимот соработуваше со ФИА околу прашања за дизајнот на болидот и поради тоа се сигурни дека жалбата ќе се отфрли. 

Во моментов Рејсинг Поинт се во тешка ситуација. Доколку продолжат со користење на овој дизајн тие ризикуваат губење на поените до моментот на завршување на истрагата. За нив алтернатива е враќање кој ланските дизајни, но тие бараат компромис. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ