Рејсинг Поинт изненадени од критиките на Перез

Техничкиот директор на Рејсинг Поинт, Ендру Грин, изјави дека тимот е изненаден од Серхио Перез кој се пожали за начинот на кој го третираат откако беше потврдено дека ќе го напушти тимот. 

Мексиканецот се пожали дека некои луѓе од тимот кријат работи од него и дека тимот мора да е транспарентен со него доколку сака да ги постигне целите. 

Грин појасни криењето на информации се однесува само на програмата за наредната година што е стандардна пракса за возач кој си заминува. 

Тоа се разговори за болидот за наредната година и Не го исклучуваме од ништо за оваа сезона. Нашиот интерес е да сме побрзи и ќе му помагаме до крајот на сезоната.

Во борба сме во шампионатот и знаеме дека Нема да ни помогне доколку го третираме различно, Но не го правиме тоа. Затоа сум изненаден што не зборувал со нас туку веднаш со медиумите. Тоа е чудно.

зборував со него и му објаснив како стојат работите по што му стана јасно дека погрешил. Бевме отворени со него до последните часови пред објавуањето на неговото заминување, Но не дискутираме за новиот болид – објасни грин.

Во Петок двата болиди на Рејсинг Поинт добија нова суспензија како дел од надградбите на РП20. 

Сега имаме голема надградба на суспензијата, Малку на предниот дел, а повеќе на задниот дел. Пробавме да ја подесиме со возачите за да имаме добри резултати. Среќни сме со постигнатото. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ