Рејсинг Поинт не го копираат моделот на Хаас

Техничкиот шеф на Рејсинг Поинт, Енди Грин, појасни дека одлуката на тимот да имаат повеќе делови од Мерцедес e всушност “модел Хаас верзија 2“. Новиот болид конструиран во Силверстон кој се појави на предсезонските тестови во Барслона многу потсетува на ланскиот шампионски болид на Мерцедес.

Споредбите наведоа на Хаас затоа што познато е дека американската екипа ги користи сите делови кои се дозволени од италијански Ферари, нешто што се покажа како успешен модел. Сепак, Грин појасни дека тие не се толку екстремни, туку само ја следат нивната аеродинамичка филозофија.

се што е во врска со нашата шасија што всушност е непренослив дел го правиме во нашата фабрика затоа што сето тоа е поврзано. сакаме тоа да биде наш проект така што го правиме во фабриката. системите од суспензијата, деловите од шасијата, сетоа тоа е наше.

ќе продолжиме да го користиме моделот кој го имаме во моментов затоа што тоа е дозволено и има смисла за мала екипа како нас да го прави тоа. не е целосно како моделот на хаас, повеќе е втора верзија од нивниот модел и на нас целосно ни одговара.

добри сме во овој модел, можеме да земеме некои механички компоненти и да ги развиеме аеродинамички, тоа е нашата силна страна и тоа го правиме. немаме голмеа фабрика и мислам дека овој модел совршено ни одговара – појасни грин.

Инженерот дополни дека имало голема смисла д се корити филозофијата на дизајн на Мерцедес поради фактот што користат исти менувач и суспензија како нив.

има голема смисла за нас затоа што имаме доста хардвер од мерцедес кој го користиме. да се борите и да развивате болид спротивен од филозофијата на деловите кои ги користите е многу тежок и напорен процес. поради тоа не гледам зошто ако работите со ред бул и имате нивни менувач и суспензија да не го следите нивниот концепт затоа што логиката е таа.

би било глупаво да помислите дека можете да следите друга насока и да бидете подобри затоа што попаметно е да ја разберете нивната филозофија и да се обидете таа да ја подобрите.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ