Рејсинг Поинт повторно опоменати

Рејсинг Поинт повторно се опоменати, како и на претходните две трки, затоа што користеле канали за ладење на задните сопирачки кои не се во согласност со сопртската регулатива во тркачката серија.

Во Петок пред почетокот на тркакиот викенд стјуардите донесоа одлука дека спорниот дел е технички легален, но не е коснтруиран по спортската регулатива, по што тимот беше казнет со 400.000 евра и одземање на 15 освоени поени.ж

По денешната трка, стјуардите утврдиле дека Рејсинг Поинт повторно ги користеле каналите за ладење на задните сопирачки со иста спецификација и повторно ги прекршиле правилата.

Претставник од тимот бил кај стјуардите по трката и двојниот пласман во поени со Ленс Строл на 6то место, а Нико Хулкенберг зад него. Екипата добила уште една опомена и се очекува тоа да биде случај со сите трки до крајот на сезоната.

Тимовите се во прашалници зошто ако се казнети Рејсинг Поинт им се остава можност да го користат спорниот дел, така што Рено, Ферари, Мекларен и Вилијамс најавија дека имаат право да се жалат и да бараат многу построга казна за екипата од Силверстон.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ