Рејсинг Поинт се “коцкале“ со новиот контроверзен дизајн

Техничкиот директор на Рејсинг Поинт, Енди Грин, вели дека тимот одлучил да ризикува со нивниот контроверзен концепт на РП20 бидејќи неуспехот ќе траел кратко поради претходно планираните нови правила од 2021 година.

Формула 1 се очекуваше да воведе нови правила во 2021 година, но поради финансиската криза од пандемијата на Корона вирусот, шефовите одлучија истите да се одложат до 2022 година. Грин признава дека минатата година, Рејсинг Поинт намерно се фокусирале кон конкурентен болид за 2020 година, додека развојот на болидот за 2021 година бил секундарен.

Одложувањето на правилата и моменталните околности се од полза за Рејсинг Поинт, особено по импресивните перформанси на РП20 во предсезонските тестови.

Ни помага. Донесовме одлука дека 2020 година ќе биде насочена кон перформанси, по цена за 2021 година. Во тој период, бевме повеќе фокусирани кон 2020, додека другите беа повеќе насочени кон 2021 година.

Донесовме одлука да не го правиме тоа, а тоа беше заедничка одлука од менаџментот со која сакавме да покажеме дека може да ги стигнеме другите. Одложувањето за една година е одлично, ни помага со новите правила.

Големиот ризик за нас со новиот концепт за 2020 година, едноставно беше исплатлив бидејќи ако не функцонира, ќе се фокусиравме за 2021 година во секој случај. Сега сме во ситуација каде болидот кој мислевме дека ќе биде добар само за една сезона, всушност ќе се користи во две сезони. Ќе биде интересно да видиме како ќе функционира.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ