Рејхал му нуди ИндиKар место на Себ

Граем Рејхал изјви дека има место да го вдоми Себастијан Фетел во Индикар доколку германецот сака да продолжи да се трка.

Минатата недела четирикратниот првак објави дека ќе се повлече од Формула 1 по крајот на оваа сезона по 15 години минати во спортот. Себ сеуште не посочи дали планира да продолжи со тркањето и што ќе прави во иднина, но Рејхал потврди дека вратата за германецот во американската тркачка серија е отворена.

секогаш кога ќе одлучи да продолжи да се трка може да дојде во индикар и сигурен сум дека ќе најдеме место за него. исто како и роман гросжан, мислам дека себ одлично ќе се снајде во релаксирано окружение со голема конкуренција како што е нашата серија.

тој е вистински тркач и сигурен сум дека не сака повеќе да завршува на 10то место на трка со оглед на бројто на титули и победи кои ги има освоено.

ако сака да дојде, да погледне, да се обиде да се трка, ќе му најдеме место. ионака ние како рехјал летерман ланиган рејсинг се подготвуваме за четврти болид на гридот. не велам за постојано тркачно место, туку ако сака да се обиде, може.

Себ во моментов е на 14то место во возачкиот поредок со 16 освоени поени.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ