Ривалите аплаудирале на механичарите на Ред Бул

Тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер, вели дека механичарите на тимот добиле аплауз од нивните ривали на гридот додека го поправаат болидот на Макс Верстапен со цел да ја започне трката во Унгарија.

Холанѓанецот го покажа своето неискуство пред самиот старт кога излета при формацискиот круг и удри во бариерите од свиокот 12 на мокра патека, при што го уништи своето предно крило, како и левата суспензија.

Ред Бул успеаја да го поправат болид со неверојатен напор и завршија со работата на 30 секунди пред времето до кога смее да се работи на болидите. Верстапен ја заврши трката на второ место, но фановите не беа единствени воодушевени од механичарите, ривалите на Ред Бул исто така биле импресионирани на гридот и ги испратиле со аплауз.

Помалку смешно, јас не се грижев, Сметав дека ако некој може да го поправи болидот, тоа се нашите механичари. Само што пристигна на гридот, тие веднаш почнаа со работа, но во исто време направија и тест на елементите за да се осигураат дека болидот е безбеден.

Исходот беше во ред, а потоа започнаа со работа да ги променат деловите, што е огромен напор бидејќи се комплицирани. Во таков простор, со толку тесни елементи, мора да бидете способни.

Сите ја завршија својата работа. Во исто време се останато мора да се спроведе за да се подготви болидот за старт. Околу 5 минути пред стартот, главниот механичар ми намигна со цел дека се е во ред, а пневматиците беа поставени на околу 25 секунди пред стартот.

Механичари од другите тимови им аплаудираа кога го напуштивме гридот. Беше вистински пример за тимска работа, сите работа синхронизирано и ја завршија работата. Ова се феноменални тимски перформанси – горд е хорнер.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ