Рикардо бара 21 милион долари да си замине од Мекларен

Пишаните медиуми пренесуваат дека Даниел Рикардо бара осумцифрен износ во долари со цел да се согласи на предвремен раскин на договорот со Мекларен.

Speedcafe.com пренесува дека австралијанецот бара 21 милиони долари за да замине од тимот на крајот од сезоната и да направи место за Оскар Пиастри. Дани стана дел од тимот од Вокинг во пресрет на минатата сезноа, но не ги оправда очекувањата и остана во длабока сенка на колегата Ландо Норис.

Во моментов најактуелна тема во падокот е доаѓањето на Оскар Пиастри во Мекалрен, откако младиот возач претходно го демантираше Алпин дека ќе вози за нив.

Се верува дека сите опции за раскин на договорот се во раце на возачот, така што тој бара пари за да се согласи на предвремен раскин. Се шпекулира дека лично Андреас Сеидл го информирал Даниел Рикардо од намерата да се донесе неговиот сонародник Пиастри во тимот за следната година.

Доколку Дани си најде место во друга екипа, веројатно ќе се согласи на предвремен раскин, но ќе си ја бара загарантираната плата од 21 милион долари. Неговото име се поврзува со Алпин доколку второто возачко место во тмот остане празно.

Сепак, Мекларен треба да размислуваат и на судските трошоци кои може да ги имаат во правната борба против Алпин за услугит на Пиастри.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ