Рикардо даде свое мислење за измените на Алберт Парк

Многу Формула 1 возачи беа консултирани за промените кои се направени на патеката домачин на Австралиското Гранд При, Алберт Парк во Малбурн, а Даниел Рикардо смета дека тркањето дефинитивно ќе се подобри. 

На патеката се прави најголемото реновирање од 1996 година со проширување на неколку кривини и целосно отстранување на шиканата 9 и 10. Се очекува брзината по круг да се зголеми за 15 кмч, а времето по круг да се намали за 5 секунди. Промените треба да завршат до Јули а трката ќе се одржи во Ноември. 

Многу возачи беа консултирани за промените и добро е што имавме можност да учествуваме во ова. Не сите возачи се консултирани често за подобри трки.

Дадов свое мислење за проширување на тротоарите и да се направат некои нови правци. Има доста свиоци за во четврта и петта брзина.

Понекогаш е тешко да се престаса поради ширината на патеката, Но со промена на тротоарите се прави повеќе место за тоа. 

Рикардо смета дека тргањето на шиканата ќе помогне многу. 

Првиот свиок е доста брз, но тротоарот е многу мал. Третиот свиок е малку чуден и не ти остава простор поради аголот. Тргањето на шиканата прави компромис бидејќи одиш премногу близу до ѕидот и имаш големи шанси да се удриш. Сега може да има дополнителна ДРС зона наместо тоа во шестиот свиок. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ