Рикардо за проблемите оваа година: Не сакав да се откажам

Даниел Рикардо изјави дека во тешката сезона која ја имал никогаш не сакал да се откаже на половина од сезоната. 

Откако беше во сенка на својот колега Ландо Норис иако победи на трка во 2021 година, тој беше во уште полоша ситуација оваа сезона освојувајќи 37 поени споредено со 122 на Норис. 

Поради ваквите перформанси тимот одлучи да му го раскине договорот и да го замени со Оскар Пиастри. Но и покрај се тој немал намера да си замине пред крајот на сезоната.

Ја знаев реалноста дека не можам да ја променам сезоната. Имав доста проблеми но имаше уште трки. Откажување на пола сезона беше полесниот пат. Но тоа не сум јас. Сеуште сакав да се обидам да постигнам добри резултати. Спортот има кратка меморија и по 15 тешки трки сите ја памтам само најдобрата. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ