Рикардо за тимските наредби: Морав да поминам преку тоа

Даниел Рикардо објасни како се чувствувал откако тимот му наложи да ја промени својата позиција со колегата Ландо Норис за време на трката во Имола.

По помалку од 20 кругови во трка, Рикардо мораше да го предаде своето место на Норис, што се покажа како исправен потег на тимот затоа што младиот Ландо заврши на 3то место и дојде до подиум.

ситуацијата за Дани не беше идеална со оглед на тоа што заврши на 6то место, но не е навреден и лут на тимските наредби.

морав да ја проголтам својата гордост. искрено тимот беше многу фер и ми дадоа време да се помирам. имаше кругови во кои имав пристојно време и да бидам искрен почнав да притискам и ги уништив предните гуми.

мислам дека имав време да покажам дали можам да го следам лани, беа фер и немам за што да бидам лут – објасни рикардо за британски скај.

Австралијанецот мина само две трки во Мекларен откако две години возеше за Рено, поради што е свесен дека му треба повеќе време да се адаптира на новиот пакет.

не ја потценив ситуацијата кога минав во мекларен, свесен бев за тешката транзиција и претходно кога минував од ред бул во рено. за жал ќе ми треба повеќе време, а минаа само две трки и секако дека сакам секогаш а сум побрз.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ