Рикардо имал преговори со Ферари пред Мекларен

Даниел Рикардо потврди дека преговарал со Скудерија Ферари околу идното место во Формула 1 пред да потпише со тимот на Мекларен за 2021 година.

Рикардо на почетокот на месецот откри дека ќе го напушти фабричкиот тим на Рено на крајот на сезоната и ќе премине во Мекларен, како замена за Карлос Саинз кој пак заминува во Ферари.

Рикардо беше поврзан со место во Ферари откако Фетел одлучи да замине, а претходно имал преговори со тимот од Маранело дури и во 2018 година, додека возеше за Ред Бул. Рикардо откри дека тие преговори продолжиле оваа година додека Ферари барале замена за Фетел, но на крајот се одлучија за Саинз.

Имаше преговори пред неколку години, а тие продолжија и годинава. Нема да го негирам тоа, но очигледно ништо не излезе од тоа. Никогаш не посакав премногу да го анализирам тоа. Сите велеа дека ќе биде добар избор, очигледно, но не сакам емотивно да гледам на работите.

Можам да разберам како Карлос е добар избор. Не гледам кон тоа “зошто не мене?“. Карлос имаше многу силна 2019 година. Тој е баран насекаде, а претпоставувам дека тоа е добро.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ