Рикардо и Мекларен брзо го најдоа ритамот

Даниел Рикардо вели дека Мекларен почнале прилично добро во петокот во Монтреал, каде што тој и тимскиот колега Ландо Норис се најдоа меѓу првите десет на слободните тренинзи.

Рикардо му претходеше на британецот во Т1, пред да се искачи на 9то место во Т2. Севкупно, тоа беше продуктивен првиот ден за тимот на патеката Жил Вилнев, сцената на првата победа на Рикардо на Гранд При трка која се случи во 2014 година.

Дефинитивно ми недостасуваше оваа патека откако не дојдов овде неколку години – рече Рикардо.

Тоа е многу забавно, Само уживав. Ќе видиме што ќе се случи со времето, мислам дека имавме голема среќа да имаме сув ден денес, но ќе видиме што ќе се случи утре.

Може да биде сосема поинаку, но мислам дека денес беше солиден почеток. Се надеваме дека ќе направиме малку подесување и потоа ќе најдеме малку поголема брзина преку ноќ.

Генерално, тоа беше само пријатен петок. Затоа, среќен сум што се враќам.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ