Рикардо: Кризата ќе мипомогне да ја продолжам кариерата

Даниел Рикардо смета дека продолжената зимска пауза во Формула 1 предизвикана од Ковид-19 пандеијата може да му помогне да има подолга кариера во Формула 1.

Првите 10 трки од сезоната се откажани, така што најверојатно сезоната ќе започне во Јули во Австрија со двојна програма. Доколку тој план се оствари, тоа ќе значи дека возачите ќе немаат трка цели седум месеци од последната трка лани, а последното возење беше на предсезонските тестови во Барселона во Февруари.

Рикардо го минува карантинот на имотот на своите родители во Австралија заедно со својот тренер кој го подготвува за она што следува.

успеваме да одработиме навистина напорна тренинг програма која никогаш порано не сме имале време да ја комплетираме. волку силен физички тренинг имаме на почеток на сезоната, но штом дојдат европските трки има многу патување и тешко е константно да се тренира.

сега имаме можност цели осум недели напорно да работиме и подобрувањата се видливи насекаде. поради убаво е да се има ова долго време за работа.

дел од тренингот е за да телото биде подготвено во одлична состојба, а шлаг на тортата е што не патувам нонстоп и не прескокнувам временски зони и аеордоми. користа од овој период ќе биде голема затоа што можноста која ни се нуди е уникатна и важно е да извлечеме максимум. кој да знае, можеби ваква физика подготовка ќе ми ја продолжи кариерата.

Дани појасни колку професионалниот Формула 1 возач тренира особено кога има две трки една по друга во Европа.

веројатно сите мислат дека се враќаме во тератана во понеделник по трка, а потоа тренираме и во вторник, среда и четврток. но, трките кои се една по друга се одработуваат и со зачувување на силите затоа што сакате да бидете свеж за следниот викенд, така што во понеделник одмараме и не тренираме, освен некое истегнување или јога.

во вторник се случува полесно тркачње и мнгоу лесен тренинг, но сетоа тоа не е напорно. во среда е патувањето на другата трка.

мислите дека меѓу трки имаме цела недела за тренинг, но тоа не е ни еден цел ден. мора да одмараме за да останеме свежи.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ