Рикардо му даде совет на Тсунода

Возачот на Мекларен, искусниот Даниел Рикардо, му даде совет на Јуки Тсунода за тоа што да избегнува сега кога се пресели во Европа да се трка во Формула 1. 

Рикардо и Тсунода дојдоа во Европа од Австралија односно Јапонија и сега Јуки треба да се привикне на животот на “стариот континент“ и да напредува како тркач. 

Има многу што да се учи и најмногу треба да си дисциплиниран и да го следиш патот. Сигурно не е лесно бидејќи си далеку од дома, Но имаш своја слобода и млад си и го правиш она што го сакаш.

Сакав да побегнам од дома и имав можност за тоа, Но има многу лоши работи кои може да ти го одвлечат вниманието. сепак, мора да го следиш патот и тоа ќе биде наградено. Мора да внимаваш на тие работи бидејќи има доволно време за се – советува дани. 

Тсунода се пресели во Фаенца за да го следат неговиот развој. Преселбата се случи по трката во Монако. 

Франц е сличен на Даниел бидејќи дисциплината му е најважна. Неодамна се преселив во Фаенца и немам толку слободно време. Мислам само на трките и би рекол дека имам подобар пристап.

Тоа е дел од мојот развој и се покажа во Баку. Мислам дека ми е потребно повеќе дисциплина. Понекогаш играм игри до доцна и затоа ми е потребно строга дисциплина. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ