Рикардо нема да биде број 1 во Мекларен

Иако пристигна во Мекларен како сеумкратен победник на трки, Даниел Рикардо нема да има број 1 статус на возач бидејќи Андреас Сеидл не верува дека тоа е корисно за тимот.

Рикардо му се придружи на Ландо Норис во Мекларен, збогувајќи се со Рено во корист на тригодишен договор со британскиот тим. Австралиецот и неговиот нов тимски колега се во многу различни фази од нивните кариери со тоа што Рикардо влезе во својата 10та целосна сезона во овој спорт, додека 2021 година ќе биде трета сезона за Норис на гридот.

Но, додека Рикардо со себе носи искуство кое вклучува 188 трки и седум гран при победи, тимскиот шеф Сеидл вели дека тој и Норис ќе имаат еднаков статус бидејќи не сака да создаде непотребна напнатост.

Сè додека сум шеф на тимот, нема да има дефиниран број 1. Тоа не е потребно или корисно за динамиката во тимот. – вели Сеидл.

Како помина првиот ден на Рикардо во болидот?

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ