Рикардо не е очаен што не заврши трка

Даниел Рикардо не е разочаран со незавршената трка во Австрија и е убеден дека проблемите со ладењето кои му ја уништиле тркат ќе бидат отстранети за Штаерското Гранд При претсојниот тркачки викенд.

Австралијанецот се возеше на 10то место по 17 кругови кога беше повикан да го повлече болидот, а потоа откри дека двете безбедносни возила и откажувањата можеле многу да му помогнат за силен пласман.

секако дека не сум задоволен од незавршената трка, беше многу рано кога се појави проблемот, а потоа со сите откажувања и безбедносни возила сигурен сум дека можевме да освоиме добри поени, но не ни било судено.

причината поради која не сум разочаран е поради тоа што за само една недела имаме шанса на истата патека повторно да се обидеме и јас сум голем оптимист дека ќе бидеме далеку посилни.

имавме проблем со ладењето, а температурата на моторот многу брзо се зголемуваше. ми беше јавено да го запрам болидот пред ситуацијата да се влоши и тоа ни заштеди и време и мотори. го променив модот на работа на моторот и веднаш се упатив во гаражата.

потоа трката стана многу интересна, сите промнија гуми и прејдоа на медиум, но ние моравме да штедиме мотор затоа што има уште доста трки – вели рикардо.

Австралијанецот верува дека проблемот со ладењето брзо ќе биде отстранет од тимот.

оптимист сум и верувам дека многу брзо ќе го најдат изворот на проблемот, а од тоа што разбирам можеме да го решиме целосно до почетокот на следната трка. не ги знам проблемите на останатите, но многу се случуваше на трката.

мина доста време од претходната трка, а високите температури значеа проблем за неколку екипи. знаев дека првата трка ќе биде многу луда и со многу проблеми, иако овој пат голем дел од проблемите беа механички. следната трка ќе биде поинаква.

Сепак, Дани смета дека сите фрустрации се заборавени поради самиот факт што задоволството е огромно поради почетокот на тркачкта сезона.

не ме сфаќајте погрешно, но јас бев пресреќен што можам да се тркам иако подобро беше да заврам во поени, но самото тркање е одлично.

на сите на гридот ни олесна што стигнавме до овдека и што успеавме да се тркаме годинав секако дека сум среќен што повторно имаме трка и што за една недела имам нова шанса.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ