Рикардо не е фрустриран по лошото издание во Турција

Даниел Рикардо изјави дека слабите перформанси на Турското Гранд При нема го фрустрираат.

Австралијанецот по промената на моторот не успеа да напредува на гридот во Турција. За момент беше во топ 10, но сепак трката ја заврши на 13та позиција. 

Квалификациите се покажаа како разочарувачки и тој испадна уште во првиот сегмент, но сепак, годинава триумфираше на Монца и заврши на четврта 4та  позиција во Сочи, што сеуште му ја држи енергијата на високо ниво. 

Нема да дозволам еден лош викенд да ми ја уништи енергијата. Не се разочарувам, Знам дека ќе споделиме информации по трката, Но лошиот викенд нема да ни го наруши моментот. Се додека може да учиме, ќе напредуваме – најави дани.

Иако неговиот колега, Ландо Норис, заврши на седма позиција, сепак целосните перформанси на болидот не беа на достојно ниво. Рикардо смета дека во Америка ќе имаат шанса да се покажат во вистинско светло. 

Мислам дека ќе бидеме подобри во Америка. Првиот сектор има брзи свиоци, но ќе бидеме добри. Последниот сектор може да ни наштети, но ќе бидеме сигурно конкурентни. Таму е топло и ќе има многу потење. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ