Рикардо не сакал да се трка без Мекларен

Заплетот во пресрет на Големата награда на Австралија почна кога член на Мекларен имаше позитивен тест на Ковид-19 по што тимот објави дека се повлекува од трката, а потоа и Даниел Рикардо немал желба да се трка воопшто.

Шефовите на Формула 1 се договирја оваа трка да не се вози во последните моменти пред почетокот на тренингот, поточна на само два часа во пресрет на Т1.

Рикардо објасни дека бил возбуден што ќе се трка на домашен терен, но сепак откако Мекларен се повлекол веќе не било се исто.

Беше чудно, во четвртокот се подготвував за целиот викенд, Но не бев сигурен што ќе се случи и знам дека имаше мал ризик да се повлечеме. Тогаш се се случи во текот на вечерта кога Мекалрен се повлече поради случајот во нивниот тим. Останав буден уште неколку часа за да почекам уште информации и знаев дека нема да се тркаме без сите тимови. Да бидам искрен и веќе не ми беше удобро. Сепак ова е прва трка во сезоната и мора да сме сите – откри дани.

Подоцна следуваше одложувањето на Бахреин и Виетнам, а сега и на Холандија, Шпанија, Монако и Азербејџан, така што во моментов Канада е прва трка на календарот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ