Рикардо повеќе сака Ле Ман отколку на Инди

Доколку има можност, Даниел Рикардо би сакал да вози на 24 часа Ле Ман наместо на американскиот легендарен Индијанаполис 500. 

Двата настани се круни на моторспорт календарот покрај Формула 1 трката во Монако и доколку се победи на сите три тогаш тоа се смета за тројна круна во Моторпосрот. 

Рикардо веќе има победа на Гранд При викенд во Монако и му остануваат уште победи на двата погореспоменати настана. Тој повеќе би сакал да вози на Ле Ман бидејќи има страв од овалната патека во Индијанаполис. 

Мекларен е тим кој има своја екипа во Индикар серијата, а во 2017, 2019 и 2020 година не успеваа да победат со Фернандо Алонсо во болидот.

Тоа звучи одлично, но овалот ме плаши да бидам искрен. На Инди само би тестирал.

Видов импресивни перформанси на Фернандо и си замислив како би возел на негово место. Можеби би пробал само. Се прашувам колку би било тешко да свртам четири пати на лево во текот на еден круг. 

Сепак, Рикардо го преферира Ле Ман каде Мекларен би сакале да се вратат и да победат. Британците немаат победено на славната 24-часовна трка од 1995 година.

Некои мои колеги пробаа и ми се допаѓа идеата да го делам болидот со колега. Како возач не се отвараат картите, но на Ле Ман треба да се делат сите тајни. Ми се допаѓа таквата соработка.

24 часа тркање ќе ме доведе до мојот физички и ментален лимит – смета австралијанецот.

Моменталниот шеф на Мекларен, Андреас Сеидл, кој е поранешен шеф на Порше ЛМП1 програмата изјави дека во 2015 година имал разговори со Рикардо. Двојката сега ќе соработува во Мекларен. 

Даниел беше еден од возачите кои ги следев. Ми се допаѓа како вози и секогаш е добро кога имате таков позитивен човек во тим. Со нетрпение чекам да соработуваме заедно. 

Рикардо потврди дека има разговори за можно учество во Батхурст 12 часа која е легендарна трка од Австралискиот ГТ шампионат. 

Веќе имавме разговори за Батхурст со Зак. Работиме на тоа. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ