Рикардо подготвен за многу тежок период

Даниел Рикардо вели дека е подготвен да мине тежок период во Мекларен пред тимот повторно да стане конкурентен и силен на Формула 1 гридот.

Австралијанецот нема поен по две трки сезонава, првата ја заврши надвор од поени, а во Саудиска Арабија се откажа поради проблем. Пред сезоната исто така имаше проблеми со фактот што имаше Ковид-19 и не успеа да одработи ниту ден од вториот предсезонки тест.

Тој е реален во врска со шансите на Мекларен да испорача соодветни подобрувања за да има поконкурентен болид и да напредне.

подготвен сум за долг период на мачење и ментално сум силен. ако за две трки се бориме за топ 5, тогаш е супер, тоа ќе биде само бонус. но, јас размислувам разумно и позитивно, не зборуваме за заостаток од 3-4 десетинки, туку за повеќе од секунда доколку сакаме да сме напред.

се сомневам дека сето тоа ќе се реши преку ноќ и знам дека мораме да бидеме трпеливи. за добото на тимот е добро да бидеме трпеливи и премногу е рано да почнуваме да паничиме – посочи рикардо.

Актуелната форма на Мекларен не е онаква каква што тимот очекуваше во пресрет на сезоната, но Рикардо верува дека тимот е способен да ги надмине проблемите.

ако перформансите дојдат, ќе бидат задоцнети, но не се занесувам дека годинава ќе имаме момент кога ќе ги изненадие сите и ќе победуваме затоа што тоа е процес за кој треба време. имаме соодветни луѓе за таа работа, знам и имам целосна верба во нив и во шефот андреас сеидл.

пред една недела бевме во криза, но брзо се извлековме од тоа и сфативме што треба да направиме. вистина е дека имаме се што треба и сме едни од најдобрите така што за шест месеци можеби и ќе изненадиме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ