Рикардо: Пораката до Рено во Абу Даби не беше за да се опуштат

Даниел Рикардо истакна дека неговата порака со поддршка по тимското радио во Абу Даби додека се враќаше во боксовите, била истакната бидејќи тој навистина смета дека тимот може да направи голем чекор напред во 2020 година.

Откако имаше возбудлива сезона, Рикардо по трката сподели неколку зборови за охрабрување на неговиот тим.

Ви благодарам момци. Навистина го мислам тоа, но ќе се подобриме наредната година, многу ќе се подобриме, навистина го мислам тоа. Ајде да го направиме тоа.

Коментирајќи околу својата порака во интервју за Motorsport.com, Рикардо изјави дека неговиот коментар не бил само празни зборови за тимот да се чувствува подобро.

Да бидам искрен, не сум некој за говори. Знам дека сакам да коментирам многу, но нема да кажам “момци, ќе бидеме подобри наредната година“ ако навистина не го знам тоа. Нема да ги масирам и да им го кажам тоа што сакаат да го слушнат.

И јас самиот знам дека можам да бидам подобар, тоа знам дека ќе се промени кон подобро. Само тоа ќе подобри многу нешта. Има многу работи. Разговарајќи со моците од аеро одделот, филозофијата со која го дизајнираат, особено предниот дел, мислам дека сме уверени дека тоа не е можеби најдобрата насока, гледајќи кон другите тимови.

Може да го промениме тоа и да извлечеме повеќе. Оваа година не го направивме тоа. Да, мислам дека имаме простор и дефинитивно имаме ресурси и буџет за тоа. Оптимист сум.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ