Рикардо проба седиште во АлфаТаури, добива ли де Врис “шутка“?

Даниел Рикардо неодамна ја посети фабриката на АлфаТаури во Фаенца и му беа земени мерки за седиште во болидот, по што се разгореа шпекулациите дека може да го замени неубедливиот дебитант, Ник де Врис.

Холанѓанецот има тежок почеток на својот престој во Формула 1, но секако дека присуството на Рикардо не значи ништо со сигурност затоа што тој има договор со Ред Бул како резерва, но и да одработува маркетинг активности. Тој сеуште не возел болид откако дојде во тимот, а прво запознавање со новиот РБ19 ќе му биде на Силверстон во Јули по крајот на Британското Гран При.

Де Врис има тежок почеток со малат екипа од Фаенца, уште нема освоено поени и доста често прави грешки и предизвикува инциденти. Најдобар резултат му беше 14то место во Бахреин и Саудиска Арабија, додека во Австралија и Баку не заврши.

Засега екипата има верба во него, тимскиот шеф Тост најави дека е погрешно да се очекуваат резултати веднаш од него. Но, бескорпулозноста на доктор Хелмут Марко е надалеку позната кој нема да му ја мисли многу за да го отстрани во екипата.

На програмата се тир врзани трки на кои Ник мора да се докаже и да го откри својот потенцијал, прво се вози на Имола, следува Монако и на крајот Барселона, настани кои ќе бидат клучни за неговата иднина.

Самиот возач се надева дека Емилија Ромања ќе биде пресвртница за него поради новините кои екипата ги најави.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ