Рикардо: Ред Бул не ми должеа ништо

Откако се врати во Ред Бул како трет возач за следната година, Даниел Рикардо зборуваше за својот старо-нов тим. 

Кога ги започнале разговорите за враќање како трет возач, тој сметал дека тимот не му должи ништо откако ги напушти во 2018 година. Тој замина во Рено и после две години се префрли во Мекларен од каде го загуби возачкото место. 

Откако го одби возачкото место во Хаас, тој се реши да се врати во Ред Бул како резервен возач. 

Бев искрен со Хорнер и Марко и им кажав, момци ви благодарам за разговорот. Сакам само да ви се заблагодарам бидејќи не ми должите ништо.

Тие тогаш не веруваа дека си заминувам. Беше доста шокантно, но останавме во добри односи. Со текот на годините се созрева и се пренесуваат само добрите нешта. Им кажав дека сакам да се вратам во фамилијата и тие ми посакаа добредојде. 

Откако Рикардо замина од тимот, Верстапен дојде до 30 победи и две титули додека Рикардо има три подиуми од кои една победа. 

Не гледам така на тоа. Ништо не е сигурно, Но можеби ова беше вистинскиот потег. Во Рено ми беше добро бидејќи се вратив на подиум и горд бев на тоа. Подоцна со Мекларен победив на трка. Мора да се учи во животот. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ