Рикардо: Рено стануваат се подобри

Даниел Рикардо верува дека силните перформанси на фабричката екипа на Рено на тешката патека во Муџело се должи на тоа што на болидот му одговараат автодроми кои бараат повеќе потисна сила од пакетот.

Рено имаше две добри трки на белгиска Спа и италијанска Монца каде беше потребна минимална потисна сила за да имаат брзина на правците. Французите не беа оптимисти за Муџело, но Рикардо дојде до 4та позиција откако загуби подиум од Александер Албон од Ред Бул при крајот на трката.

Австралијанецот верува дека формата на тимот е поради патеката и такви патеки ќе им одговараат. 

Жално е што не дојдовме до подиум. Имавме добри перформанси, но не очекував да сме толку конкурентни. Со поголема потисна сила не бевме особено силни.

во Барселона не бевме силни, но покажавме напредок. Мислам дека е охрабрувачки и ни влева оптимизам.

Болидот е подобар и Сеуште сме блиску, но мислам дека имаме добро темпо. Доколку се квалификуваме понапред ќе бидеме во подобра позиција за повеќе поени – најави рикардо. 

Спортскиот директор на Рено, Алан Перман, изјави дека тркаа во Муџело било добра лекција за начинот на кој Рикардо го поминал Перез, бидејќи Рејсинг Поинт се нивни главни ривали.

Не бевме доволно брзи да ги стигнеме Ред Бул и Мерцедес, Но во тие 12 кругови имаше фер борба.

им велам на луѓето тука да се фокусираат на тие 5,2 секунди меѓу нас и перез. Тоа е најважно за тоа каде сме.

Штета што не се искачивме на подиум, ќе беше убаво, но не сме на ниво на Ред Бул. Се тркаме со Рејсинг ПОинт и Мекларен и можеме да ги победиме. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ