Рикардо: Сакаме да ја искористиме секоја шанса

Возачот на Рено, Даниел Рикардо, изјави дека тимот сака да биде во позиција да ја искористи секоја шанса викендов во Австрија на Штаерското Гранд При.

Трката се одржува само една недела по Австриското Гранд При, на истата патека, Ред Бул Ринг и воедно е втора трка од новата сезона на Формула 1 поради кризата со Корона вирусот. 

Што се однесува до првата трка, Рикардо вели дека се обиделе да завршат со двата болида. За овој викенд, неговата цел е да се пласираат повисоко на гридот.

Сите бевме возбудени што ќе се тркаме повторно и беше добро да се вратиме на нашите тркачки места. Тоа беше трка во која е важно да се стигне до крај, така што кој знае што можевме да направиме. Имаше неколку позитивни страни во викендот, нашата форма во квалификации и знам дека со чист круг може да бидеме на повисока позиција.

Тој надополни дека овој викенд ќе биде малку поинаков споредено со нормални услови бидејќи знаат како функционираат пневматиците на патеката, додавајќи дека исто така разгледуваат области во кои може да се подобрат пред квалификациите.

Знаеме некои детали околу пневматиците и тоа ќе ги промени работите. Гледаме да подобриме неколку клучни области. Возбуден сум што повторно ќе возиме и знаеме дека се може да се случи во Формула 1, така што сакаме да бидеме во позиција да ја искористиме секоја шанса.

Јас останав во Австрија по трката. Овие први трки ќе бидат многу тензични, така што мал одмор е многу важен. Ова е прекрасно место, со неверојатни пејсажи. Планинарев, рагледував и јадев по некоја шницла.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ