Рикардо сака да продолжи со одличните изданија во Русија

Даниел Рикардо оди на Руското Гранд При во Сочи за да го надогради одличното издание од Монца пред две недели и да помогне во нови силни поени за неговиот Мекларен.

Австралијанецот победи за домнантниот 1-2 настап на тимот од Вокинг низ Храмот на брзината, прва таква победа по пауза од 11 години за Мекларен.

една недела по монца се чувствувам одлично што победив и бев на највиското скалило од подиумот. не можевме да посакаме посовршен начин за крај на трите последователни трки. многу ми се допадна што можев да се тркам на чело на гридот и да се натпреварувам за победа.

еден два победа е производ на макотрпна работа на тимот и на возачите. од почетокот на моето патешествие со мекларен работам неуморно со сите предивици кои ми се укажуваат, се привикнувам на болидот, но имам и огромна поддршка.

одлично е да се има така силен резултат, а да се има тимот повторно во ситуација да победува во само шест месеци е огромен поттик и мотив за мене – објасни рикардо.

Автралијанецот е свесен дека добри поени во Недела мора да започна со одлични квалификации во Сабота.

сакам да ги надоградам моите перформанси од монца минатиот викенд и да притискам да освојам силни поени во борбата против нашите конкуренти. сочи може да биде тешка патека и поради тоа важно е да се одработат добро квалификациите, тоа е најдобра шанса за добри поени во недела.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ