Рикардо сеуште се мачи во Сочи

Даниел Рикардо сака да продолжи со серијата освојување поени, но свесен е дека тоа ќе треба да го направи на рускиот автодро кој не му одговара.

Сочи не е многу среќно место за австралијанецот затоа што 6то место со Ред Бул од 2018 година му е најдобар пласман на олимписката патека. Во моментво тој е во низа од три последователни пласмани во поени по 4то место на Спа, 6то во Монца и пвоторно 4то на Тоскана.

сакам да продолжам со осовјување поени. минатата година имав многу куса трка во сочи со хаосот во 4та кривина. мислам дека по таа трка станав многу свесен дека мораме силно да се подобриме во квалификациите за да не стартуваме во гужва и да имаме повеќе шанси за добар пласман.

лани немав многу силен викенд со неубедливи квалификации, но сакам тоа драстично да го подобрам годинав и да ја совладам патеката. сочи никогаш не ми била силна страна, сеуште постојат патеки кои треба дополнително да ги проучам, но нетрпелив сум да се вратам и да возам позилно.

се работи за рамна патека и целосно различна од муџело каде има многу нагорнини и надолнини. лично очекувам да подобрам неколку слабости кои знам дека ги имам.

возиме во густа средина од поредокот каде многу екипи е на 1-2 десетинки една од друга така што разликата од почеток во вториот ред и почеток надвор од топ 10 е минимална. таков предизвик е возбудлив и значи дека треба да извлечеме се од болидот,  а цел како и секогаш се што повеќе поени.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ