Рикардо: Сеуште ја немам постигнато целта

Иако неговата прва сезона во Формула 1 беше во 2011 година, Даниел Рикардо изјави дека сеуште ја нема постигнато целта која си ја имал поставено. 

Тој досега во својата кариера возеше за ХРТ, Торо Росо, Ред Бул, Рено и сега е во Мекларен, но сеуште не ја има постигнато неговата цел, а тоа е освојување на титулата. Покрај седумте победи, австралијанецот сеуште е гладен за нив. 

Една работа која е моја желба е што сакам да сум уште посилен и да го достигнам тоа што сакам. Мора да бидам подобар на секоја трка.

Тешко е да се процени што се е сменето. Мислам дека има многу промени кои се случија и кои ќе се случат, Но мене ми е удобно.

Секако дека Формула 1 е сон на секој возач. Мислам дека покажав што знам и стекнав доволно доверба кај многумина. Не сум само детето кое сеуште сонува. Имам многу добри пријатели – вели рикардо.

Тој се надева дека со доаѓањето во Мекларен ќе постигне уште поголем успех. Австралијанецот во моментов е на својот врв и очекува многу успех во наредните две сезони. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ