Рикардо се помирил со фактот што нема титула

Даниел Рикардо откри дека го променил својот став и дека се променил со тоа што нема Формула 1 титула во својата кариера иако претходно бил тажен и огорчен поради тоа.

Возачот на Мекарен заврши на 3то место со Ред Бул во 2014 и 2016 година, а од тогаш нема првенство кое го заврши над 5то место. Австалијанецот се смета за еден од најголемит Формула 1 таленти, но не успева да биде на врвот не недоволно силните Рено и Мекарен за кои вози последните три години.

Дани стигна да победи со Мекларен во Монца годинава, прва победа за него по онаа во Монако во 2018 година, а донесе прв триумф за тимот од Вокинг по 2012 година.

имаше време кога бев огорчен и сметав дека треба да имам освоено титула, тоа е лошо затоа што се обвинував зошто сум на погрешно место во погрешно време. го надраснав тоа, станав позрел и повеќе не размислувам така. тука сум затоа што сеуште сметам дека можам да освојам титула и сакам да го првам тоа.

се помирив со што и да се случи се додека давам се од себе и оставам максимум на патеката. спортот ме исполнува – појасни рикардо.

Австралијанецот замина од Ред Бул во 2018 година за да потпише за Рено каде мина две години, за пред почетокот на сезонава да се обврзе на тригодишна верност кон Мекларен. Се мачи од почетокот на сезоната, но по летната пауза како да се ресетира и е значително подобрен.

Сепак, тој смета дека нема да смета оти е катастрофа доколку не успее да освои титула со Вилијамс, а посочи дека е фокусиран кон уживање додека се трка.

да речеме дека ќе останам во мекларен пет години и не освојам титула. нема да гледам на тие пет години како на мој нсуепсх затоа што така би било како буквално да сум преспал пет години од животот, како да сум ги загубил.

така решив јас да се поставам, не ме сфаќајте погрешно, не дека омекнав или дека не сум доволно агресивен и мотивиран, но сакам да уживам во моето време во формула 1.

целта секогаш ми е да бидам шампион и поради тоа ќе се будам секое утре со желба да стигнам до тоа, но тоа нема да ја диктира мојата среќа. го правам ова 10 години и сеуште не сум првак, а нема ни гаранција дека некогаш ќе бидам.

не сакам се да фрлам на една карта и да бидам мизерен и несреќен во остатокот на животот затоа што не сум ја исполнил таа цел.

победата во монца беше она што ми беше потребно за да бидам среќен годинава.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ