Рикардо се согласил на помалку пари, само за да мине во Мекларен

Медиумите пренесуваат дека платата на Даниел Рикардо ќе биде намалена повеќе од половина од следната година откако реши од фабричката екипа на Рено да мине во Мекларен.

Австралијанецот во Вокинг дојде на местото на Карлос Саинз кој ќе вози за Ферари следната година, а неговиот трансфер не му се допадна на Сирил Абитебул, шефот на Рено, кој смета дека Дани избрзал.

Според познатиот француски новинар, Марк Лимапе, Рикардо ќе добива далеку помал износ од Мекларен одошто тоа го добиваше од Рено. За двете години одработени во Енстоун, Рикардо инкасираше по 25 милиони евра годишно, додека во Мекларен ќе заработува по 10 милиони евра годишно, подочно 60% помалку.

Сепак, поранешниот возач на Ред Бул ќе добие бонус од по 400 илјади евра за секој топ 3 пласман на крајот од трката, а победа ќе му донесе 1 милион евра.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ