Рикардо смета дека Гасли е најпотценет возач на гридот

Даниел Рикардо верува дека карактерот и вештините кои ги покажува Пјер Гасли го прават најпотценетиот возач на гридот. 

Кариерата на Гасли започна во Торо Росо и тој помина доста време во тимот, но во кратко период беше унапреден во Ред Бул од каде брзо беше вратен назад во Фаенца. На негово место дојде Алекс Албон кој исто така не успеа да му парира на Версатпен и да го импресионира тимот. 

Гасли се врати во АлфаТаури во 2020 година и покажа одлични резултати и донесе една победа на Монца. 

Лично мислам дека Пјер Гасли е најпотценетиот возач на гридот, Но тој не е единствениот возач. Ми се допаѓа како личност и со тоа што го покажува.

Се справи со Ред Бул, но немаше среќа. Дојде до врвот и брзо го симнаа иако продолжува да се бори. Тој дури и дојде до победа и имаше неколку подиуми од кои се врати посилен. Среќен сум за него како човек и конкурент. Тој имаше тешки 12 месеци и се справи со се. 

Гасли има договор со АлфаТаури до крајот на 2023 година, но поради проблеми со издржливоста на болидот тој нема освоено многу поени оваа сезона. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ