Рикардо смета дека Ф1 си играла со оган во Австралија

Даниел Рикардо смета дека Формула 1 си играла со оган пред трката во Австралиај да биде откажана пред две недели. И покрај ескалацијата на состојбата со корона вирусот насекаде низ светот, сите учесници во спортот допатуваа во Мелбурн и очекуваа да се тркаат.

Откако членот на Мекларен имаше позитивен тест на Ковид-19 работата се усложни, а тимот веднаш се повлече од тркачкиот викенд, додека ФИА и челниците на тркачакта серија останаа целосно неми. Следуваа состаноците со тимовите каде мнозинството одлучи трка да нема.

На домашниот возач му олеснало што трката била откажана затоа што смета дека Формула 1 си играла со оган.

не размисував премногу за целата ситуација со корона вирусот току темелно, но бев загрижен и дефинитивно сите си игравме со оган одејќи кон мелбурн.

почнувате да си го враќате во глава секој контакт кој сте го имале, секој разговор со негото и станувате параноичен. неколку недели претходно бевме во барселона на предсезонски тестови и таму немаше никакви рестрикции, како и секаде во европа во тој период.

штом се наближуваше трата сфативме што се случува гледајќи ги откажувањата во другите спортови и дефинитивно стана јасно дека не треба да го правиме тоа и не треб да се тркаме пред толку голема публика – се присетува дани.

Тој се согласи со фановите околу нивната фрустрација поради недостатокот на комуникација со нив во врска на се што се случува како и одлуката за откажување која беше донесена.

од надвор е лесно да се каже дека можело да се изменаџира подобро, но внатре е друга работа и би бил наивен ако кажам дека знаев што се случува и каква е ситуацијата затоа што никој тоа не го знаеше.

беше тажно и тешко за сите што работат таму, тажно за гледачите и за сите оние кои чекаа трка на телевизија, но беше целосно исправна одлука онаа која беше донесена.

во недела требаше да биде ден за трка и беше мнгу чудно затоа што бевм дома. околу времето кое беше предвидено за почеток на трката имав “момент“ кога си реков односно се присетив дека требаше да сум во болид во моментов и ми стана тешко.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ