Рикардо “тера“ мајтап: Се извртев во стилот на Себ

Даниел Рикардо се пошегува дека неговото извртување наликувало на тие на неговиот поранешен колега, Себастијан Фетел, откако германецот имаше доста извртувања во последниот период. 

Рикардо се изврте откако возеше во добри поени и таа грешка многу го чинеше бидејќи заврши на 14та позиција, многу зад неговиот колега кој денеска финишираше на 8мо место.

Го видов Себ во делот кај медиумите и помислив дека не е добро за него бидејќи во последните години тој имаше доста извртувања. Имаше слично со мене во Остин во 2017 и 2018 година.

Мислам дека до сега не сум го искусил ова. Влегов покрај Карлос и немавме контакт, но притиснав на гас и се извртев. Кога си во близина на болид од тој агол губиш потисна сила и тешко се контролира. Ова беше сол врз раните бидејќи се борев за поени и сакав да завршам колку што можам погоре во поредокот – појасни рикардо.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ