Рикардо јасен: Не ми треба подбутнување

Даниел Рикардо изјави дека е доста релаксиран кога има силни перформанси во Макларен и не му било потребно подбутнување од шефовите.

Тој немаше добар старт на оваа сезона и моментално е на 13та позиција кај возачите со само 15 поени на своето конто.  Австралиајнецот имаше лоши перформанси оваа сезона и доста се шпекулираше дека може предвреме да биде отпуштен од тимот иако неговиот договор истекува наредната година. 

Секако имавме разговори Иако тоа звучи формално, не беше така и често разговараме. Не ми треба подбутнување затоа што Знам дека моите резултати не се доволно добри. Навистина се обидувам да бидам подобар – посочи дани.

Домашната трка на Рикардо во Австралија беше негов најдобар резултат и тој досега освои поени уште на Имола и во Баку. 

Мислам дека имавме напредок во Монако во фабриката и во симулаторот. Резултатот денес не беше добар, но мислам дека се подобривме. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ