Рикардо ќе биде попаметен со проблемите годинава

Даниел Рикардо минатата година беше дебитант во Рено, а откри дека му исплатил долга порака на шефот Сирил Абитбул во врска со тоа што смета дека може подобро да го одработат оваа сезона.

Првенството не започна добро за австралијанецот по доаѓањето во фабричката екипа затоа што на својата домашна трка се квалификуваше на 12то место, а на стартот имаше контакт со Чеко Перез што беше кобно.

По лошата трка секако дека не бил задоволен и му испратил на Абитебул листа на работи кои треба да се подобрат, но годинава е решен да има подипломатски и поинтелигентен начин на носење со проблемите.

по мелбурн лани се сеќавам дека му пратив на сирил многу долга порака со лиса на работи кои треба да се подобрат, но не беа работи кои може да се менуваат секој ден и следната трка да се решат.

годинава сакам да постапам поинаку, да имам план што треба да се направи, да бидам поинтелигентен во решавање на евентуалните проблеми и да превземам иницијатива – најави рикардо.

Во врска со шансите на “жолтите“ да го освојат 4то место во поредокот сезонава, тој го изјави следното:

важно е да се постават цели, но мора да се адаптирате без разлика дали на позитивен или пак на негативен начин. за резултати е потребно време, а развој на ланскиот болид оваа сезона е најпаметниот начин за нас да дојдеме до резултати и да напредуваме.

знам дека сите чакаат чуда, но реално не сме во позиција за такво нешто. мина долго време откако екипата имала победи, така што треба соодветни и здрави темели за тоа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ