Рикардо ќе му недостасува на Норис

Ландо Норис призна дека ќе му недостасува Даниел Рикардо во Мекларен и дополни дека двајцата станале добри пријатели.

Времето на Рикардо со тимот од Вокинг заврши на Големата Награда на Абу Даби по заедничката одлука со тимот предвреме да го раскине неговиот повеќегодишен договор. На негово место ќе дојде дебитантот Оскар Пиастри, кој ќе му стане трет тимски колега на Норис во Формула 1.

Откако претходно разви добри односи со Карлос Саинз, кога тандемот се тркаше во Мекларен во 2019 и 2020 година, Норис чувствува дека тоа е нешто што успеал да го направи со сите негови колеги, вклучувајќи го и Рикардо.

Мислам дека тоа е нешто што го имав со сите мои колеги, секогаш имав добри односи со нив.

Станавме добри пријатели со нив, мислам, на патеката, но и надвор од патеката. Јас секогаш градев голема почит кон сите возачи со кои сум бил во екипа. Можеби Даниел ќе сподели различни работи во иднина.

Се разбира, многу добро се запознавате и тоа е човек со кој работев толку блиску во последните неколку години. претпоставувам дека сте изградиле некаква врска, дека ќе ви недостига затоа што станавме добри пријатели – посочи младиот британец.

На Норис му е мило што Рикардо сепак ќе биде во Формула 1 падокот во 2023 година. Со оглед на тоа што Рикардо ќе ја преземе улогата на резервен возач во Ред Бул догодина, Норис со нетрпение очекува да го види наоколу.

Ќе биде убаво да го имаме Даниел во падокот следната година. Мислам дека е одличен за Формула 1, тој е забавувач. Ќе ми недостига, но сепак ќе го видам, па ќе биде кул.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ