Рикардо ќе тестира актуелен Ред Бул на Силверстон

Даниел Рикардо ќе го тестира овогодинешниот доминантен болид на Ред Бул по Британското Гранд При кое е на програмата во Јули на Силверстон.

Австралијанецот го загуби своето место во Мекларен лани по што прифати да биде резерва во Ред Бул оваа година со крајна цел, враќање на гридот во 2024.

се надевам дека рб19 ќе биде болид кој ќе ми ја врати самодовербата затоа што наците во симуаторот се одлични. сакам овој тест да значи нешто. тестирав за нив во 2013 година и тоа ми го донесе местото во тимот следната година, така што сакам да се случи нешто слично – објасни дани за британски The Telegraph.

Серхио Перез е моментален колега на Макс Верстапен и има исто години како и Даниел Рикардо, а неговиот доовор со тимот е до крајот на 2024 година. Мексиканецот заостанува малку зад актуелниот првак.

тешко е да се каже дали може да освои титула, но ќе биде интересно. јас сум отворен на се, веројатно на средина од сезоната ќе почнам да си барам место за тркање.

враќајки се во ред бул сфатив колку голема улога одиграл тимот во мојата кариера и колку сакам да работам за нив. секако дека веќе замислував како повторно победувам на трка за нив.

Сепак, австралијанецот е свесен дека тестот нема за цел да докаже дека е побрз од Перез.

тестот не е за моја проценка овој пат затоа што јас многу долго се тркам. знам дека ако сум добар тоа секако дека нема да остане незабележано, дури и времето по круг ќе биде анализирано. сакам да сфатат дека сеуште го имам тркачкото во мене, не само дека вртам кругови.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ