Ричардс: Либерти треба да го следат примерот на Берни

Дејвид Ричардс, порашениот шеф на БАР и сегашен Претседател на Британскиот моторспорт, смета дека Либерти Медиа треба да го следат примерот на Формула 1 супремото, Берни Еклстон и финансиски да им помогнат на помалите екипи.

Во екот на пандемијата со заразниот Ковид-19 вирус, Ричардс предложи Либерти да ги поддржи помалите екипи финансиски откако “островот“ би бил најпогоден од фактот што дури 7 од 10те екипи се стационирани таму.

многу работи ќе зависат од начинот на кој Формула 1 ќе се однесува во овој период. тие не смее да си дозволат да загубат екипи затоа што тоа би било рамно на катастрофа.

своевремено берни се осигуруваше дека кога е тежок период, помалите тимови се добро згрижени и сметам дека Либерти треба да го направи истото. големите производители како мерцедес и рено нема да имаат големи последци, но на пример вилијамс и рејсинг поинт ќе имаат тежок период. постои ризик некои екипите да пропаднат.

има компании во моторспортот кои ги немаат потребните ресурси да преживеат периодов и за нив ќе биде вистински предизвик – посочи ричардс.

Американците од Либерти Медиа го превземаа спортот од Берни Еклсто и ЦВЦ Капитал на почетокот на 2017 година, а пандемијата на корона вирус и прв вистински тест за новото раководство, за што веќе трпат критики по начинот на кој го изменаџираа откажувањето на Австралиското Гранд При.

либерти мнгу доцнеше со одлуката за откажување во австралија. секако дека беше тешко и во ниту еден момент не велам дека им било лесно, но со оглед на бројот на луѓето кои допатувале во австралија од различни земји од светот, беше невкусно да се помисли на трка. можеа да ја откажат трката комотно една недела претходно.

како што се наближува сезоната секогаш има голема нетрпеливост и очекувања и лесно е да се каже нешто напамет, но никој не вели дека не можеше и подобро да се изменаџира настанот во мелбурн.

луис хамилтон говореше најмногу и најдобро на таа тема, навистина создал и ја позитивната убавата страна на формула 1 со својата свест. не се плаши да каже што мисли и го поздравувам тоа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ