Рич Енерџи најавуваат враќање во Ф1

Рич Енерџи, поранешен спонзор на Формула 1 тимот на Хаас, тврдат дека ќе се вратат на Формула 1 гридот многу скоро.

Соработката на компанијата за производство на енергетски пипјалоци и американската екипа заврши на средина од 2019 година, а Рич Енерџи како причина ги наведе лошите перформанси и слабите резултати на тимот.

Вилијамс Стори, контроверзниот основач на компанијата, тврди дека ќе се вратат во Формула 1, но не дава никакви дополнителни детали.

Формула 1 е во тек, ќе се вратиме. најдобриот енергетски пијалок во светот ќе има најголемо враќање во спортот по лазарус. врвни британски перформанси – напиша стори на својот твитер профил.

Не е јасно дали Рич Енерџи ќе се вратат во врвната моторспорт тркачка серија како спонзор на екипа или пак поддршка на некој возач, но како и да е, падокот е внимателен во било каква соработка со Стори откако Хаас открија дека не добиле никакви пари од компанијата.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ