Рич Енерџи покажа интерес кон Вилијамс

Кога помисливте дека работите не се доволно лоши за Вилијамс, Рич Енерџи покажаа интерес да станат нивен главен спонзор годинава.

Вилијамс од скоро објавија дека се во процес на продажба со опции за минимален, мнозински дел или целата компанија. Иако тие потврдија дека се заинтересирани за понуди, тие исто така го објавија и раскинот на партнерството со РОКИТ по само една сезона.

Оригиналниот договор беше со важност до 2023 година, а причината поради која двете страни се разделуваат е сеуште нејасна. Вилијамс им посочи на сите дека тимот ги исполнил сите договорени обврски, додека пак партнерствата на РОКИТ во W серијата и Формула Е ќе продолжат. Клер Вилијамс истакна дека како резултат од разделбата, новиот дизајн на болидот ќе биде промовиран пред првата трка на 5 Јули во Австрија. 

Тоа значеше можност за Рич Енерџи. Рич Енерџи беа инволвирани во турбулентно партнерство со Хаас пред да се разделат во 2019 година. Поранешниот главен спонзор јавно ги критикуваше перформансите на тимот преку социјалните мрежи.

Коментарите во самиот Твит ја кажуваат целата приказна …

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ