Робсон: Стилот на Расел е меѓу оној на Хамилтон и Батон

Дејв Робсон, инженерот задолжен за перформанси во Вилијамс, смета дека уникатниот стил на возење на Џорџ Расел е помеѓу тој на Луис Хамилтон и Џенсон Батон. 

Расел е јуниор на Мерцедес и за прв пат влезе во Формула 1 во 2019 година во Вилијамс тим со кој возеше три сезони се до новава сезона кога ќе вози за Мерцедес. Неговиот колега ќе биде најуспешниот возач на гридот кој е седумкратен шампион и победник на 103 трки. 

Робсон работеше како инженер за трка на Батон во Мекларен кога тој беше колега со Хамилтон. 

Тој е нешто помеѓу двајцата. Знае да работи со гумите ,но не знам колку е променет стилот на Луис овие денови – изјави инженерот.

Расел имаше импресивен период со Вилијамс и минатата сезона беше најуспешна за него освојувајќи 16 поени. 

Најважно е што Џорџ знае да се адаптира. ТОј вози неверојатно и продолжува да напредува. Има огромен талент. Мислам дека во текот на викендот се менува и има одлични квалификации. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ