Розберг го рангира Саинз како трет најдобар возач годинава

Пензионираниот светски шампион, Нико Розберг, го пофали возачот на Мекларен, Карлос Сазин, рангирајќи го шпанецот пред Шарл Леклер од Ферари во однос на нивните севкупни перформанси во 2019 година.

Со само една трка до крајот, Саинз има 95 поени на седмо место во пласманот, највисоко пласиран возач кој не е дел од Мерцедес, Ред Бул или Ферари.

Саинз стигна до својот прв подиум во Бразилското Гранд При откако се пласираше на трето место, стартувајќи од 20то и последно место на гридот.

Саинз има неверојатна сезона. Секогаш велев дека тој е во топ 4 од возачите годинава заедно со Леклер. Редоследот е Леклер, Саинз, Верстапен и Хамилтон.

Моментално би ги рангирал Хамилтон, Верстапен на еднакво ниво можеби. А потоа Саинз на трето место пред Леклер.

Тој заврши толку добра работа, толку многу поени за Мекларен. Одлично е, фантастична работа.

Гасли, мислам дека сите ќе се сложиме, имаше тешка сезона. Ужасно е да се биде во таа ситуација и да бидете избркан од тимот. Но тој се врати, освои одличен резултат, негов прв подиум за Торо Росо по фантастична трка. Одлична работа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ