Розберг изненаден од “меката“ одбрана на Хамилтон

Нико Розберг ја опиша одбраната на Луис Хамилтон од последниот круг против Макс Верстапен како “премногу мека“.

Британецот го превзема водството од Макс откако тој по втор пат реши да промени гуми и со две застанувања да ја комплетира трката. Мерцедес се надеваа на многу долга серија со хард компонентата, но перформансите драстично им опаднаа.

Супериорната брзина на Ред Бул беше одлучувачка за Верстапен брз да ги стигнува Мерцедес, најпрво претекнувајќи го Валтери Ботас, а на крајот и Луис Хамилтон и да дојде до победа која му го зголеми водството во возачкиот поредок.

невообичаено за луис. затвори на таа страна. не – коментираше розберг гледајќи го преносот од трката.

вообичаено е најдобар во таквите трки еден против друг и изненаден сум што не се обиде барем доцна да закочи и да остане од надворешната страна за да биде внатре на следниот свиок. многу мека одбрана од него.

Нико не беше воодишевен ниту од одбраната на Валери Ботас за кој смета дека лесно се откажал од дуел.

ова е огромен мотив и поттик за ред бул и стануваат доминантна сила во спортот и тоа е се повеќе нагласено. притисокот и тоа многу голем е над мерцедес, а тоа ги тера шампионите да прават грешки. мора да бидат мног внимателни затоа што може да загубат секаква шанса – искрен е првакот од 2016 година.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ