Розберг не се согласува со казната за Хамилтон

Нико Розберг не се согласува со одлуката да му се додели казна од 5 секунди на Луис Хамилтон поради инцидентот со Алекс Албон, кој “оставил простор“ во трката во Бразил.

Стјуардите му го одземаа подиумот на Хамилтон во Интерлагос по контактот со Албон, кој пак ја загуби шансата за свој прв подиум, додека Хамилтон по казната падна на 7мо место.

Хамилтон веднаш му се извини на Албон по трката, но неговиот поранешен тимски колега смета дека казната била пресурова поради фактот што возачот на Ред Бул на некој начин го поканил британецот да го претекне.

Секако дека Луис беше повеќе виновен. Албон помалку, но тој остави целосно отворен простор за Луис да се обиде.

Луис влезе навистина длабоко, но не сум сигурен дека вредеше за казна од 5 секунди. Начинот на кој се одвиваат работите годинава, можеби не требаше да има казна бидејќи и Албон е виновен. Луис не е целосно виновен за тоа.

Албон му остави простор, доволно простор. Нема причина зошто не би му оставиле простор. Албон изјави дека не очекувал Луис да нападне и не го приметил, но тоа не е валидно оправдување.

Добро ќе беше да не се доделеше казна и да се остави простор за поблиско тркање помеѓу возачите.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ