Розберг по стапките на Хамилтон со своја Extreme E екипа

Нико Розберг му се приклучи на Луис Хамилтон во Extreme E тркачката серија откако основаше своја екипа, слично како и актуелниот првак, во серијата која стартува од претстојниот Јануари.

Во Септември Луис откри дека ќе има свој тим кој ќе се трка под името Х44 во електричната офроут тркачка серија, а сега и неговиот поранешен колега од Мерцедес го следни неговиот чекор.

Екипата на Формула 1 шампионот од 2016 година се вика Rosberg Xtreme Racing и ќе биде 9та екипа која ќе стане дел од серијата во која своето учество веќе го потврдија Чип Ганаси, Андрети и ХВА.

воодушевени сме што можеме да објавиме дека Rosberg Xtreme Racing е последен тим кој ќе стане дел од Extreme E серијата која претставува неверојатно можност за развој на свеста и инспирира борба против климатските промени, најголема закана на нашата планета.

откако се повлеков од формула 1 решив да ја посветам мојата кариера на издржливи технологии така што да се комбинират вакви потфати со мојата страст е нешто што неверојатно многу ме исполнува – изјави розберг.

Алехандро Агаг, Главниот извршен директор и основач на Extreme E е воодушевен што германецот ќе се приклучи кон серијата.

пресреќни сме што конечно моежеме да објавиме дека Rosberg Xtreme Racing ќе стане дел од нашата прва сезона. разговаравме за проектот многу месеци и среќни сме што поранешниот формула 1 првак се враќа во спортот преку нашат асерија.

јасно е дека има голема синергија помеѓу работата на нико во однос на издржливоста и целите на нашата тркачка серија поради што неговиот тим е добредојден – изјави агаг.

Првата трка од серијата ќе се одржи на 22 Јануари следната година во Сенегал, а домаќини ќе бидат и Саудиска Арабија, Непал, Гренланд и Бразил.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ