Розберг: Расел е голем тест за Хамилтон

Формула 1 првакот од 2016 година, Нико Розберг, верува дека Џорџ Расел претставува огромен тест за Луис Хамилтон, седумкратниот шампион.

Расел стана дел од тимот на почетокот на 2020 година откако долги години беше дел од нивниот јуниорски погон. Лани го победи Луис во возачкито поредок и стигна до единствената победа за Мерцедес во сезоната. По првите две одработени трки годинава, се чини дека подобро се снаоѓа и со новиот В14 болид.

Самиот Розберг беше неколку години партнер на Луис во Мерцедес, а на младиот Расел гледа како на огромен тест за поранешниот првак.

џорџ  е огромен тест за луис и иден светски првак, така што ќе биде многу тешко за хамилтон да остане пред него. тој имаше одлична сезона лани и гледаме дека продолжува во исти стил и годинава. да не заборавиме, луис е еден од најдобрите на сите времиња, а замислете каков е расел ако успева да го победува.

една слабост која луис ја има е кога нема да оди како што сака, по малку ментално “паѓа“ и тешко се враќа. Но, кога ќе се врати самодовербата му е огромна и тогаш е моќен – посочи нико.

По де трки од годинава, Луис е “ситно“ пред Расел во поредокот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ